Двојни рампи на паркиралиштето „Аутомакедонија“


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“.

– Поради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ го воведе системот со двојни рампи со цел да се постави ред и контрола и да се добие подобра организација на ова паркиралиште, соопшти „Паркинзи на Општина Центар“.

Во наредниот период, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе воведе и систем за препознавање на регистарски таблички на сите затворени паркиралишта, ќе го редуцира бројот на часови на гостинската карта (М-карта), односно од 8 до 17 часот, бројот на часови за најава на гости ќе се ограничи на два часа, а по 17 часот ќе биде неограничено. Ќе го ограничи пристапот на комбињата за дотур на стока, односно ќе им овозможи бесплатен пристап од 5 до 7 часот, во спротивно да ја плаќаат редовната цена за паркинг за еден час.

Овие мерки, како што се наведува во соопштението, значително ќе помогнат во решавање на проблемот со паркирањето на сите затворени паркиралишта и ќе им овозможат на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.