Дводневен штрајк ги приземји авионите на „Луфтханза“


Илустрација

Германија– Кабинскиот персонал на најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ денеска излезе на протест со барање за повисоки плати и подобри услови за работа.

Ова е втор штрајк на вработените во оваа авиокомпанија во последните две недели.

Патниците беа предупредени за евентуални промени во нивниот ред на летање или за откажани летови на овој германски авиопревозник на територијата на цела Германија. Штрајкот веројатно ќе го засегне и редот на летање на компаниите ќерки  „Јуровингс“ и „Сан Експрес“.

Синдикатот ЈУЕФО, што ги застапува вработените во „Луфтханза“, соопшти дека 48-часовниот штрајк може да прерасне во протест без рок, доколку не бидта исполнети барањата на нејзините членови. Од авиокомпанијата, пак, се пожалија за протестот и соопштија дека синдикатот нема надлежност да го претставува кабинскиот персонал и одби да преговара со овој синдикат.