Двете жени што починаа во Битола имале многу коморбидитети


БИТОЛА – Двете пациентки од Битола што починаа вчера од вирусот имале коморбидитети и биле хоспитализирани во тешка состојба информираат од Министерството за здравство. Двете лица се починати во Клиничката болница во Битола во одделението за инфективни болести.

Пациентката (79) била примена во тешка општа состојба на 10 октомвриво оддел за суспектни пациенти на инфективно, со податок за температура, кашлица, тешко дишење повеќе денови наназад. Веднаш бил земен брис и попладнето е докажано дека е ковид позитивна. Цело време пациентката била во многу тешка состојба, со многу ниска сатурација на кислород во крвта од 40, со тешко дишење, била давана соодветна терапија, постојано на кислородна поддршка. Од хронични заболувања имала хипертензија, цереброваскуларна болест, варикозни вени, ГЕР и гастрит.

Пациентката (60) примена на 6 октомври како суспектна во тешка општа состојба, а утредента било утрврдено дека позитивна на вирусот со масивна бронхопневмонија, хипертензија, дијабет ХОББ, хиперлипидемија, обезитна. За цело време на лекувањето била во тешка општа состојба и покрај давање соодветна терапија, постојана кислородна поддршка, но состојбата не се подобрувала.

Заразеното бебе од два месеци е во стабилна состојба со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар. Тоа се заразило од бабата која живее во друг град. (А.Б.)