Две вреќи со марихуана најдени кај стружанец


Две вреќи со марихуана, 18 патрони за ловечка пушка, две стебла од растението канабис сатива и една дигитална вага, полицијата пронајде кај лице од струшкото село Заграчани.

По претходна судска наредба, СВР Охрид соопшти дека полициски службеници вчера извршиле претрес во домот и другите простории на З.А.(48) од селото Заграчани, каде што ја пронашле дрогата.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.