Две вечери шпанска страст за Василица во Операта (фото)
Операта две вечери славеше Василица со гости од Шпанија- енергичниот диригент Оливер Диаз кој не штедеше пофални зборови за членовите на оркестарот на НОБ и на гостопримливоста за време на деновите на подготовка на концертот, и со Ирене Палазон, сопран, и Хозе Луис Сола, тенор кои ја покажаа шпанската страст со изведбите на сцена.
Традиционалните концерти, (синоќа и в сабота) за кои се бара секоја година билет повеќе ја воодушеви публиката во Скопје , а во чест на првиот концерт, пред 30 години, беа отпеани највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други.
Фото: Марко Угарковиќ