Две скопски села без вода поради дефект


Две села во околината на Скопје се без вода за пиење поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

– Поради уличен дефект на улицата „7“ број 355 во село Батинци, прекинато водоснабдување имаат корисниците од селото, како и тие од Љубош, појаснуваат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато сѐ до санирање на дефектот.