Две починати лица пронајдени во Охрид


Во два одделни случаи полицијата пронајде тела на починати мажи во Охрид, во понеделникот.

Имено, вчера во СВР Охрид пријавено е дека во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат М.Ј.(59) од селото Липец, општина Виница, со престој во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото било пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.

Истиот ден, околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело.

-Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство, информираат од СВР Охрид.

Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.

СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.