Две недели пред Олимписките игри, во Токио се воведува вонредна состојба


 

Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга одлучи во Токио да воведе вонредна состојба поради корона вирусот, само две недели пред почетокот на Олимписките игри, објавија денеска.

Привремената вонредна состојба ќе биде на сила до 22 јули, додаваат од Владата.

Олимписките игри треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

Причината за вонредна состојба е зголемениот број случаи со корона вирус во Токио. Сепак, оваа вонредна состојба не подразбира затворање со строг полициски час.

Граѓаните се повикани да останат дома, рестораните се отворени, но не смеат да послужуваат алкохол или да има караоке, а навечер мора да затоврат порано од инаку.

Јапонија не претрпе експлозија на пандемијата од Ковид-19 како другите земји, но има повеќе од 810.000 заразени и 14.900 починати.

Споро вакцинирање

Спората вакцинација значи дека само четвртина од населението примиле барем една доза вакцина против Ковид-19.

Одлуката за воведување нова вонредна состојба дојде во четвртокот, кога во престолнината објавена е бројка од 896 новозаразени, што е како во средината на мај.

Организаторите на Олимписките игри им предложиле на спонзорите да нема гледачи на стадионите што би бил уште еден удар на буџетот на Олимписките игри.