Две места напредуваше македонската репрезентација на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ФИФА ранг листата за месец септември.

„Црвено-жолтите“ по победата над Ерменија, и нерешениот исход со Грзуија во Лигата на нации, се најдоа на 66. место на рангирањето коешто денес го изврши Светската фудбалска асоцијација.

Лидер е Белгија, пред Франција и Бразил. Во ТОП 10 се и: Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Аргентина и Колумбија.

Најголем скок, од шест места направи Русија која сега е 32., а најголем пад имаат Словачка и Естонија кои го расипаа својот пласман за четири позиции.