Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026

Виена – Европската ракометна федерација номинираше 18 судиски двојки за претстојното машко Европско првенство што од 15.јануари до 1.февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Меѓу 18-те двојки за првпат ќе има и две македонски двојки. Своето деби на Европско првенство ќе го имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Секако очекувано на шампионатот се и едни од најдобрите ракометни светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Самиот факт што има две македонски двојки покажува дека ЕХФ има огромна доверба во македонските ракометни судии.
На шампионатот настапува и македонската репрезентација која е дел од групата Б заедно со Данска, Португалија и Романија. Нашите ракометари натпреварите ќе ги играат во данскиот град Хернинг.