Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Демир Капија – Неготино

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, во близина на клучката кај  с. Тремник.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „хјундаи“, управуван од Е. К. (40) од с. Тремник, Неготинско, и автомобил „фолксваген голф“, управуван од М. Н. (51) од Неготино.

Притоа, Е. К. починал на местото на настанот, а М. Н. починал на патот кон болница. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.