Две лица загинаа во пожар во фабрика во Нови Сад


 

Две лица настрадаа во пожарот кој изби во фабриката „Котекс вискофан“ во Нови Сад, Србија, потврди Министерството за внатрешни работи.

Пожарот избил во погон за производство. Во интервенцијата учествуваа 25 пожарникари со 11 противпожарни возила, а пратени се и две цистерни со вода од градското претпријатие за чистота.

Повеќето работници излегле на време од погонот, но неколкумина се наголтале чад.

Во фабриката се произведуваат црева за месната индустрија.