Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Две лица, од кои едното малолетно се повредени во тешка сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со селото Куратица.

СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила во 20:15 часот меѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (22) од Охрид.

– Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“. Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.