Две деца загинаа по превртување на трактор кај Струмица


Денес во 15:15 часот две деца на возраст од 14 и 15 години го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи на мост на реката Струмица, на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, потврди портпаролот на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Според првичните сознанија, тракторот со кој превезувале двете деца се превртел и паднал во реката.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.