Две деца повредени во сообраќајка во Битолско


Две деца на возраст од две и три години се здобиле со повреди кога автомобилот во кој се возеле изгубил контрола и излетал од патот.

Во вторникот, во 11.24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, Битолско, А.А.(28) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Притоа, со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години.

Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.