Две деца настрадаа во сообраќајни незгоди


Фото: Б. Грданоски

Во две одделни сообраќајни незгоди во Велес и во Штип, со автомобили се удрени две деца, од кои едното на велосипед, при што тие се повредени и однесе во болница.

Во средата, во 19 часот на улица „Белградска“ во Велес, патничко возило „Шевролет Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(54) од Велес, удрило во деветгодишно дете од Велес. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Истиот ден, во 9.35 часот на улица „Лески“ во Штип, патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(68) од Штип, удрило во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Штип. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.