В недела (24 октомври) во 16 часот на платото пред МКЦ, во организација на Скопскиот џез фестивал ќе бидат промовирани две ЦД-а и ќе се додели наградата за најдобар македонски џез музичар.
|
Покрај двојната промоција на најновите ЦД-изданија на SJF Records, програмските активности за одбележување на јубилејот на Скопскиот џез фестивал го вклучуваат и доделувањето на годи(не)шната награда за најдобар млад македонски џез музичар.
Недела, 24 октомври
МКЦ – Кино Фросина
Почеток: 17:00
Наградата за најдобар македонски млад џез музичар, што Скопскиот џез фестивал ја доделува веќе петта година по ред, овојпат оди во рацете на извонредно талентираниот скопски гитарист, композитор и импровизатор Филип Букршлиев. Неговото име (и презиме) може да се најде на повеќе од 20 долгосвиречки изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Filip Bukrshliev Trio, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други. Творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со необична духовитост, раскошна фантазија и несекојдневна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност. Наградата на Букршлиев ќе му биде врачена в недела, во рамките на последниот фестивалски ден, во 17 часот во МКЦ – Кино Фросина, проследено со лајв настап на неговиот квартет.
|
|
|
|