Двајца вработени во Шумското стопанство „Лопушник“ украле 5.000 евра од претпријатието


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(64) и С.С.(39), двајцата од Кичево, вработени во Шумското стопанство „Лопушник“-Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Двајцата, во текот на 2022 година, со пропуштање на должен надзор во рамките на своите овластувања, овозможиле двојно книжење и двојно плаќање на фактури кон правен субјект од Скопје, со што на ЈП „Национални шуми“ му предизвикале штета од 334.758 денари.