Двајца српски државјани тешко повредени во сообраќајка кај Куманово


Фото: Б. Грданоски

Двајца српски државјани се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Куманово.

Несреќата се случила синоќа во 03.35 часот, кога возилото во кое се наоѓале излетало од автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Романовце, бидејќи возачот изгубил контрола, соопшти македонската полиција.

 

М.Д. (27) кој управувал возило „фолксваген туарег“ со српски регистарски ознаки, како и неговата сопатничка Е.Ч. (23). Кај нив биле констатирани тешки телесни повреди во Општата болница во Куманово.