Двајца скопјани каснати од куче


Во два одделни случаи, во средата, во Скопје, двајца жители на главниот град, биле каснати од кучиња – скитници.
Имено, во четвртокот,  во 15.10 часот во Полициската станица Центар, М.С.(31) од Скопје пријавил дека во средата, околу 11.50 часот на Кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Истиот ден, во Полициската станица Кисела Вода, К.Д.(41) од Скопје пријавила дека во средата, околу 23.30 часот на улица „Улов Палме“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.