Двајца повредени со остар предмет во тепачки во Тетово и во Скопје


 

 

Во две одделни тепачки, двајца мажи се повредени со нож, и пренесени во болница, соопшти полицијата.

Имено, во четвртокот, околу 22 часот во Тетово полициски службеници го привеле Е.А.(31) од Тетово поради тоа што околу 20.20 часот на ул.„Кавкаска“, по претходна расправија, Е.А. со остар предмет му нанел повреди на Р.А.(28) од Тетово.

РА. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза “ во Скопје за укажување на помош. При приведувањето Е.А., дал отпор и физички нападнал полициски службеник. Е.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Истиот ден, околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.A.(17) од Скопје поради тоа што пред угостителски објект на ул.„Бајрам Шабани“, со остар предмет му нанел повреда на Ш.J.(20) од Скопје. Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болнциа „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.