Двајца починати и нови 297 новозаразени со Ковид-19
Нови 297 случаи на Ковид-19 од 1113 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравени се 180 пациенти. Починати нема во изминатото деноноќие, но во Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје, на 80 и 71 година, со датум на смрт од 29 и 30 јуни 2022. Едното лице е починато во болница, а другото во домашни услови.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека од вкупниот број позитивни (297), 69 се реинфекции. Во Скопје се 174 од новозаразените, Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадaрци – по 12, Велес – 11, Гостивар има девет нови случаи, Штип – осум, Тетово – шест, Струмица, Кичево и Радовиш по четири, Кочани и Гевгелија по три, Ресен и Демир Хисар по два и по еден новозаразен имаат Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод.
Од 180-те оздравени пациенти, 101 се од Скопје, Охрид – 21, Велес – 10, Штип – девет, Струга – осум, Битола – седум, Прилеп и Кочани по шест, Тетово – три, Гостивар има двајца оздравени и по еден во Куманово, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Неготино, Делчево и Дебар.
Вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 315 699 Ковид-19. Оздравеле 304 777 пациенти, починале 9331, а активни случаи има 1591.