Двајца од Десово, до смрт претепале кичевец


Во неделата, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени. Тие се сомничат декаво саботата, во с.Десово физички го нападнале Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал, информираат од МВР.

Р.Л. бил пронајден починат во неделата, во куќа, во селото во која привремено живеел. Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.