Двајца не почитувале самоизолација, МВР ги спроведе во државен карантин


Граѓаните одат во задолжителен 15-дневен карантин. Едно од местата за карантин е и хотелот „Ибис“ во Скопје (Фото: Б. Грданоски)

 

Полицијата спровела двајца во државен карантин во Скопје, затоа што не ја почитувале мерката за домашна изолација во Кочани и во Штип.

Како што соопшти МВР, вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на корона вирус (здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена) извршен е спровод на С.А.(54) од Кочани и О.У.(22) од Штип до Скопје во објект за државен карантин.

Како што одлучи претходно Владата, оние граѓани на кои им е одреден домашен карантин, а тој не го почитуваат, ќе бидат однесени во државен карантин, но на своја сметка.