Двајца мотоциклисти загинаа во две одделни сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар-Вруток додека возел мотоцикл и се судрил со автомобил.

Од здобиените повреди на лице место починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Во друга сообраќајна несреќа вчера загина и 30-годишен мотоциклист од Скопје.

Несреќата се случила на автопатот Градско-Велес, во близина на место викано Усек, кога мотоциклистот се судрил со комбе „мерцедес спринтер“.

Мотоциклистот починал на самото место. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.