Двајца играчи над 37 години стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен за прв пат од 1978 година
Мелбурн – Двајца тенисери над 37 години за прв пат од 1978 година стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен.
Триесет и седумгодишниот Новак Ѓоковиќ во третото коло го победи Чехот Томаш Мачац – 6:1, 6:4, 6:4.
Триесет и осумгодишниот Гаел Монфис го победи светскиот рекет број четири Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), 6:4.
Последен пат двајца играчи на возраст од 37 или повеќе години стигнаа до оваа фаза на Австралија Опен во 1978 година. Тогаш тоа го постигнаа Кен Роузвол и Боб Кармајкл.