Двајца 10-годишни близнаци пронајдени мртви во Романија


Две деца се пронајдени мртви во романското село Деса во Долје, во близина на српската граница, јавуваат медиумите во регионот.

 

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во нивната куќа во селото Деса во Долје, Романија, а првите резултати од истрагата покажуваат дека децата починале како последица од труење со јаглерод моноксид.

Во куќата утрово биле пронајдени безживотните тела на најмалите, а бабата била пронајдена во несвест и во тешка состојба е пренесена во болница.

Според романските медиуми, момчињата живееле со баба им бидејќи татко им работи во странство.

Момчињата биле напуштени од нивната мајка кога имале само една година.

Засега не е познато како дошло до труењето.