Дваесет украински деца заболени од рак пренесени во Британија


Дваесет деца од Украина, кои боледуваат од рак, стигнаа во Велика Британија за да може да продолжат со лекувањето.

Британскиот министер за здравство Саид Џавид, рече дека на 21 дете ќе им биде овозможена најдобра можна нега во болниците низ земјата. Децата и членовите на нивните семејства стигнаа со итен лет кој во неделата, на молба на полските надлежни, го организираа британските власти.

„Горд сум што Обединетото Кралство нуди здравствена нега која може да ги спаси животите на укрианските деца кои поради руската инвазија, за време на примањето третман, се протерани од своите домови. Уверен сум дека работниците во здравството ќе овозможат да добијат најдобра нега3, рече Џавид.

Ститици Украинци не можат повеќе да примаат третман

Поради војната во Украина, стотици Украинци не моажт повеќе да го примаат својот третман за лекување. Руските сили нападнаа многу градови, а болниците остануваат без залихи. Голем број деца се превезени во Полска, а властите на таа земја побарале помош за да моќат да ја пружат сета здравствена нега.

Педијатриската онкологија во полска за Би-би-си Њус вели дека повеќето деца кои стигнале во нивната болница се во животна опасност. Унгарија на бегалците им нуди бесплатни вакцини против Ковид-19, а во Словачка е обезбедено бесплатно лекување за оние кои се заболени со ковид-19, пишува Би-би-си.

Романија прати свои медицински тимови да тестираат украински бегалци и да им обезбедат можност за вакцинирање против Ковид. И Молдавија нуди бесплатна вакцина за оние кои избегаа од Украина.