Дваесет и осумгодишен жител на Џепчиште киднапиран, а потоа пуштен

Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен. Настанот се случил вчера околу 20 часот кога излегол од угостителски објект во селото.

– Откако насилно бил внесен во „голф 7“ со скопски регистерски ознаки во кое се наоѓал 42-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица и уште неколку други лица, возилото се упатило кон населбата Дреновец во Тетово. Набрзо потоа 28-годишникот бил симнат од возилото. Нешто подоцна, Ј.А. самиот се пријавил во полициската станица Тетово, информира СВР Тетово.

Приведениот е задржан, а СВР Тетово најавува соодветна пријава.