Два земјотреси го погодија Иран


Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени, последователно го погодија Иран, односно провинцијата Керманшах, на западот на земјата.
Иранската новинска агенција ИРНА јави дека првиот земјотрес бил регистриран на длабочина од 10 километри, а вториот на 11.
Американскиот геолошки институт објави дека регистрирале земјотреси со јачина од 4,7 и 4,5 степени според Рихтер, на 23 километри југозападно од местото Сарпол-е-Захаб. За сега нема извештаи за штети и жртви.
Во ноември лани во земјотрес со јачина од 7,2 степени, кој ја погоди областа во близина на Керманшах, повредени беа повеќе од 500 луѓе.
АП потсетува дека во 2003 година земјотрес со јачина од 6,6 степени го уништи древниот град Бам, усмртувајќи 26.000 луѓе.