Два протеина пресудни за влезот на корона вирусот во клетките


Coronavirus economic impact concept image

Во човечкото тело, клетките најранливи на коронавирусот се наоѓаат во белите дробови, носните патишта и цревата.

Според „Дејли меил“, експертите откриле дека протеинот во вирусот се врзува за рецепторниот протеин во клетките познати како ACE2, за кои се смета дека ги штитат белите дробови од оштетување.

Друг протеин во организмот, ензим наречен TMPRSS2, потоа го помага активирањето на протеинот во составот на Ковид-19, дозволувајќи му на вирусот да влезе во клетката.

Научниците исто така откриле дека коронавирусот еволуирал до тој степен што е во можност да го користи присуството на интерферон, протеин кој обично му помага на телото да се бори против вирусните инфекции.

 

Се верува дека резултатите од оваа студија би можеле да помогнат во развојот на нови лекови или во утврдувањето кој од постојните лекови за други болести може да се користи и за лекување на коронавирус.