Два помали авиони се судрија во воздух над Франција, петмина загинаа


 

Два пмали авиони се судрија во воздух на подрачјето на западна Франција, при што загинаа пет луѓе, јави Би-би-си.

Сударот се случил југоисточно од градот Турс околу 16.30 часот во саботата. На местото на несреќата стигнале 50 пожарникари и спасуваќки екипи.

Помалиот авион паднал на ограда од куќа

Помалиот авион, во кој се наоѓале двајца, паднал врз ограда на една куќа, околу 46 километри југоисточно од Турс. Сведок рекол дека авионот пламнал при падот.

Посадата и патниците на поголемиот авион загинале

Поголемиот авион „дајмонд DA40“ кој превезувал тројца туристи и двајца членови на посадата паднал 100 метри понатаму во ненаселено место. Сите петмина од овој авион загинаа.

Се уште нема информации за причините за несреќата, а не е познат ни идентитетот на загинатите.

Една жена која сведочела на падот вели дека слушнала голем судар и видела како еден човек паѓа од поголемиот авион.

Судари на авиони во воздух се ретки. Поголем таков судар во Франција се случи во 1998 година над Квиберон, кога загинаа 15 луѓе.