Два месеци по земјотресот во Турција: „Спиеме во шатори, стотици делат само два тоалети“


Собирање хуманитарна помош за Турција во Скопје (Фото: Б. Грданоски)

Семејството на Ахмед спие во една просторија, на донирани душеци, покрај другите простории во кои се капат и готват. Вода им носат во цистерни.

Кога го гледам сега својот дом, не ми се допаѓа. Се плашам – вели едно 8-годишно момче додека се потсетувало на времето пред земјотресите во Турција. Имал пријател со кој секојдневно возел велосипед. Два месеци подоцна, тоа веќе го нема, пишува „Daily Mail“.

Неговиот татко, Ахмед Кумал на репортерите им ги покажал урнатините кои некогаш биле нивен семеен дом. Седум часа биле заробени под него поради разорниот земјотрес. Пронашле доволно голема дупка од која се спасило целото семејство – таткото, мајката и четирите деца.


Сега спијат во импровизиран шатор кој Ахмед го направил во провинцијата Хатај. На тоа место повеќе под 900.0000 живеат надвор од своите домови.

Семејството на Ахмед спие во една просторија, на донирани душеци, покрај другите простории во кои се капат и готват. Вода им носат во цистерни. Не се сигурни дали ќе добијат контејнер за спиење.

„Тешко ни е“, рекла Лејла, сопругата на Ахмед.

„Студено е, немаме со што да се грееме. А наскоро доаѓаат и големи горештини“, истакнала таа.


Редови за храна
Турските власти планираат да изградат 319.000 нови згради за една година. Сепак, има бројни критики, посебно кон изведувачите на претходните градби и неподготвеноста за ваквите ситуации.

На улица живее и Фатих Квак, заедно со сопругата и четирите деца.

„Некогаш доаѓавме да си играме во паркот, а сега паркот ни е дом. Кога врне шаторот протекува. Стотици користат два тоалети, нема вода и чекаме во редови за храна“, рекол тој.