Дури 900 вработени од прочуената Клиника Мајо фатиле корона во последниве две недели

Бројкта на инфицирани сочинува една третина од сите вработени во Клиниката Мајо

Повеќе од 900 вработени во Клиниката Мајо, врвна болница за истражување, со седиште во Рочестер, Минесота, САД, добиле Ковид-19 во последните две недели.

На брифинг со новинарите во вторникот, д-р Еми Вилијамс, декан за клиничка пракса во болницата, рече дека огромното мнозинство на вработени кои биле заразени – 93% – не биле заразени на работа, според весникот „Сент Пол пионер“. Повеќето од оние кои биле заразени на работа се заразиле со вирусот додека јаделе без маска за време на паузите, рече Вилијамс.

Стотиците вработени кои се заразиле со вирусот во последните две недели сочинуваат над една третина од сите вработени кои биле заразени од почетокот на пандемијата. Болницата има недостиг од 1.000 вработени во своето седиште во Рочестер, според пишувањето на „Пионер“.

„Тоа ви покажува колку е лесно да се добие Ковид-19 на Среден запад“, рече Вилијамс. „Нашиот персонал е инфициран најмногу поради ширењето во заедницата, а тоа влијае на нашата можност да се грижиме за пациентите“.

Од болницата не соопштија дали некој од заразените починал од вирусот. Дури 1.396 здравствени работници се чини дека починале од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во САД.

Случаите со Ковид-19 се зголемуваат низ целата земја бидејќи пристигна страшниот зимски наплив на случаи. Вчера беа пријавени 161.000 нови случаи во САД, а 76.830 лица беа пријавени дека во моментов се хоспитализирани со вирусот низ целата земја.