Дури 79 македонски државјани од утрово излегле преку ГП „Табановце“

Фото: Б. Грданоски
Во текот на денешниот ден од 6 часот до 14 часот на излез од Граничниот премин „Табановце“ имало 79 македонски државјани, соопштија денеска од МВР.
-Од 6 до 14 часот на ГП „Табановце“ на излез поминале 79 македонски државјани, а вкупниот број на патници кои изглеле е 179, велат од МВР.
Покрај апелите од властите да не се патува, да се седи дома, сепак некои граѓани се одлучуваат да излезат од земјава.
Владата донесе одлука и при излез од земјава граѓаните да потпишат изјава со која се обврзуваат доколку заминат од државата, да не се враќаат во следните три месеци.