Дури 73 лица починале за 24 часа во Босна и Херцеговина од Ковид-19


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 997 нови случаи со корона вирус, но регистрирани се и рекордни 73 смртни случаи.

Во Федерацијата тестирани биле 1.424 од кои 608 биле позитивни на корона.

Пријавени се 52 смртни случаи, со што вкупната бројка се искачи на 983.

Досега тестирани се вкупно 226.977 примероци, а позитивни биле 39.945 лица.

Излечени се 21.856 пациенти, а активни 17.107 случаи.

Во Брчко регистрирани се шест нови случаи, а двајца пациенти починале.

Во Република Српска тестирани се 902 примероци, а позитивни биле 383.

Пријавени се 19 смртни случаи.