Дури 19 отсто од Словенците оделе на работа со симптоми на корона вирус


 

Речиси две третини од Словенците оделе на работа минатата недела, а од нив 19 отсто имале барем еден симптом на корона вирус.

Ова го покажа анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење Валикон.

Студијата се занимава со модели на однесување на работа како заеднички проект на официјалната страница за следење на епидемијата од Ковид-19 „Следилник“, здружението Млади директори и Валикон, кои сметаат дека тоа се клучните модели за сузбивање на епидемијата, пренесе СТА.

Во анкетата спроведена на примерок од 527 испитаници, меѓу кои 293 биле вработени лица, повеќето активно вработени се изјасниле дека во текот на епидемијата оделе на работа иако можеле да работат од дома. Меѓу 5 и 9 ноември речиси две третини од вработените оделе на работа, а 51 отсто од вработените на работно место биле секој ден.

Од оние кои оделе на работа, 75 отсто работата може да ја вршат и од дома, додека четвртина можеле да работат на далечина. Во 10 отсто од случаите работодавецот не им ја понудил таа можнсот, додека 14 отсто од испитаниците рекле дека сами одлучиле да одат на работа. Околу седум отсто половина работа ја работеле од дома, а другата половина на работа, додека седум отато повеќето време работеле на далечина и оделе на работа само во итни ситуации.

Според официјалната статистика во Словенија во септември биле вработени 887.200 лица, така што ако резултатите од студијата се применуваат за целата популација, тоа би значело дека околу 142.000 луѓе минатата недела оделе на работа иако нивната работа може да се работи од дома.

Авторите предупредуваат дека загрижувачки е што 10 отсто од вработените кои биле во контакт со инфицирано лице или имаат симптоми на Ковид-19 одат на работа.