Дуплантис повторно собори светски рекорд, погледнете го новиот чудесен скок на Швеѓанецот


Неверојатниот шведски атлетичар Арман Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап, откако на состанокот во Клермон-Феран, Франција, прескокна шест метри и 27 сантиметри.

Минатата година Дуплантис три пати го собори светскиот рекорд, а со истото темпо продолжува и во новата година.

 

По фантастичен скок и нов светски рекорд, Дуплантис втрча во прегратките на сопругата, додека обожавателите во салата го славеа неговиот подвиг.
За потсетување, Дуплантис беше двократен олимписки и светски шампион и трикратен европски шампион.

Инаку, секогаш кога ќе се собори некој светски рекорд, па дури и неговиот, тој добива награда од 100.000 долари и така Дуплантис заработува цело богатство со тоа што секој пат го поместува рекордот за сантиметар.