ДУИ вознемирена од настаните во Навигација
Демократската унија за интеграција се огласи по насилниот упад во Македонска навигација во кој учествуваше и претседателот на партискиот огранок во Чаир, Беким Незири. Во соопштението се нагласува дека партијата силно осудува секоја форма на насилство.
Во соопштението се додава:
„Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност. Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.
Инцидентот кој се обидува неправедно да ѝ се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.
Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.
Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“.