ДУИ почна лајт шоу кампања на Кале


Светлечка реклама со порака „Зошто да не“, на албански јазик, постави ДУИ на скопското Кале, промовирајќи ја и на тој начин новата иницијатива на партијата – за прв премиер етнички Албанец во Северна Македонија.

Пратеникот Артан Груби објави на фејсбук фотографии и видео од светлечката реклама, која е видлива од повеќе локации во Скопје. Рекламата е всушност емитувана од видео проектор.