ДУИ не трпи опозиција, ја нарече подмолна


Недостоинствената, подмолна и деструктивна опозиција, која секој ден ги менува своите ставови и поставува услови само за Албанците, продолжува да стои на приемните шалтери на ходниците на СДСМ и на ВМРО со единствена цел да ги поткопа националните интереси и да ја избегне одговорноста за нивниот длабок пораз, обвинува ДУИ во денешното соопштение.

„Албанците не заслужуваат опозиција без демократски капацитети и без политички морал да сноси одговорност пред гласачите и пред партиските тела.

Изгубивте на парламентарните избори 2016 година, потоа изгубивте на локалните избори од 2017 година, изгубивте и на референдумот затоа што бевте единствени Албанци кои го бојкотиравте референдумот за НАТО и ЕУ, изгубивте на претседателските избори во 2019 година, но и на локалните избори во Дебар во 2019 година, за конечно да изгубите на парламентарните избори оваа година. Бевте поразени на сите избори кога бевте дел од другите партии од 2002 година“, им порачува ДУИ на опозициските партии во албанскиот политички блок.

Истовремено ги потсетува дека јавно ветиле дека ќе поднесат оставка за нивниот пораз, и ги повикува да бидат, како што велат, достоинствени, да го одржат својот збор и да покажат демократски капацитет и да не ги потценуваат Албанците.

Според ДУИ, албанскиот народ на албанската опозиција никогаш нема да ѝ прости за понижувањето и недостоинствено однесување кога одлучиле да ја напуштат заедничката средба на албанските парламентарни партии и наместо тоа да „стојат зад зад вратата и по ходниците на СДСМ и ВМРО со молби до нив албанските барања да не се реализираат“.