ДУИ не сака да се намалат платите на администрацијата?


Од сите мерки што ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев,  како одговор на економската криза поради корона вирусот, најмногу рекации предизвика таа за намалувањето на платите во јавната администрација, односно за давање  минимална плата на сите вработени во државниот сектор, освен тие што имаат посебна улога во оваа состојба. Неофицијално против таквата мерка се изјаснил и ДУИ, покрај ВМРО-ДПМНЕ и синдикатите во земјата. Знаејќи го гласачкиот потенцијал на администрацијата, тоа е и разбирливо.

Владин извор вчера посочи дека мерките не се се уште донесени, дека има многу предлози и  дека сите станале експерти за вакви прашања.

-Предлози за економска помош на економијата има колку што сакате.Сите знаеме се. За предложените мерки од СДСМ ќе дебатираме на влада и ќе ги донесеме одлуките според проценката што е можно во моментов, а врз основа на прецизни анализи.Мора да покажеме одговорност и да бидеме солидарни. Сите ќе губиме по малку од кризата, а прашањето сега е колку тоа ќе успееме да го избалансираме, порача извор од Владата, без да прецизира кога ќе се знае дефинитивниот пакет со економска помош што дигна толкава врева во јавноста.