ДУИ го нарече „Гебелсовска пропаганда“ соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за патиките на Груби
Оттаму велат „затоа, Никола Груевски има четирипати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат сѐ уште Груевски како нивен лидер“.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и личните навреди упатени кон првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби. Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“ велат од партијата приложувајќи ја цената на патиките кои ги носи Артан Груби.

0