ДУИ билда рејтинг на етничка омраза


Разрешувањето на Арбен Зибери поради неговото презиме зборува за латентната етничка омраза на македонските политички партии. Aрбен не би бил разрешен ако презимето му беше Спасовски, реагира ДУИ за разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Зибери.

-Додека министерот за здравство ги читаше извештаите подготвени од институцијата на Арбен Зибери, тој немаше скрупули да не ги следи наредбите на СДСМ да го отпушти својот вработен од еднострани причини. Причината за неговото разрешување е повеќе од јасна, бидејќи се случи наскоро откако чичкото на Арбен Зибери призна дека се кандидира за премиер. Атакот на семејството на првиот албански кандидат за премиер е срам и неприфатлива акција. Тоа го покажува и менталитетот на македонските партии, кои според нив моќта им припаѓа само на Македонците, а Албанците немаат право да претендираат за премиер. Разрешувањето е исто така јасен чин против слободата на говорот и чин на дискриминација, затоа што досега ниту еден не бил отпуштен од владата заради искажување на своето мислење на Фејсбук, реагира ДУИ.