ДУИ бара да се објават трошоците за екскурзијата во Вашингтон
Сите кои беа во Вашингтон веднаш да ги објават средствата што државата ги потрошила за оваа нивна екскурзија, побара денес ДУИ како реакција на големата делегација од Македонија на инаугуративни активности во САД.
„Претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е изградена врз лаги и манипулации.Нивните јавни изјави за некакви официјални покани за учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп претставуваат срамна измама и грд обид да се создаде илузија за меѓународна поддршка. Наместо да ги претставуваат достоинствено интересите на граѓаните, тие се појавија шетајќи по улиците на Вашингтон, објавувајќи гротескни фотографии на социјалните мрежи пред плакатите на церемонијата и владините објекти.
Оваа јавна фарса, платена со пари од даночните обврзници, е врв на манипулациите кои го карактеризираат овој политички субјект без визија, морал или одговорност кон граѓаните. Со овој срамен потегтие се понижија себе си, ги понижија Албанците, а го доведуваат во прашање и интегритетот на институциите кои ги предводат пред очите на светот“ велат од партијата.
Покрај политичката манипулација, велат дека во овој случај се работи и за груба злоупотреба на јавни средства за скапи прошетки во чија основа се недолични политички цели.
„Овие поединци секако не ја претставуваат волјата на народот, но овој пат го покажаа вистинското лице на нивната алчност, личните интереси и темните агенди. Бараме секој од овие поединци прво веднаш да ги објави средствата кои државата ги потрошила за оваа нивна екскурзија, а потоа обвинителството за борба против корупцијата да започне целосна и непристрасна истрага за овој скандал.Измамниците да ја прекинат злоупотребата веднаш и средствата да ги вратат во буџетот на државата“, порачаа од ДУИ.
Од СДСМ, пак, обвинија дека пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови на Клиниката за онкологија, со недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување и дека сето тоа е езултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на министерот Арбен Таравари – кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат.
„Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада. Нивните ветувања за реформи и подобрување на здравството се покажаа уште една празна лага.
Додека владините функционери трошат народни пари за луксуз, мебел, коли и замислуваат нови авиони за мининистрите македонските граѓани плаќаат со најскапото – своето здравје“, обвинија од СДСМ.