Духот на Лајза Минели уште живее-Леди Гага се врати во Лас Вегас со висок стил


САД- Со драматични тоалети и како одличен шоумен Леди Гага се врати во Лас Вегас во  Парк МГМ, со шоуто „Џез и пијано“ по настапите во 2018 и 2019 година. Настапот „Џез и пијано“ е забавен, ангажиран, едукативен (делумно благодарение на црно -белите филмски меѓусебни приказни во кои Гага зборува за историјата на џезот и нејзините влијанија во него), и е строго замислена за моќ и провокација без да биде вознемирувачка. Плус, целосно ја демонстрира извонредната изведувачка моќ и големото срце – на својата ѕвезда.

По објавувањето на нејзиниот втор албум со Тони Бенет кон крајот на септември (насловен како Love for Sale, и во кој двајцата ги изведуваат песните на Кол Портер), „Џез и пијано“ врие со актуелен набој (Гага често го повикува Бенет за време на сетот) и јасна страст за жанрот, со новите преработки на нејзините поп хитови – песни како „Poker Face” и “Born This Way”. Привлечноста на нејзината изведба дополнително ја зголемуваат костимите, од кои некои беа дизајнирани од студиото Топо, ателје што го водат сестрата на Гага, Натали Германота и нејзиниот деловен партнер Анида Ќеримај. Стајлинот на шоуто го надгледуваа Сандра Амадор и Том Еребо.

„Нашиот прв изглед се појавува за време на „Bang, Bang““, изјави Германота за Vogue. Тоа е фустан  во розева боја на роза, надополнет со палто од пердуви од ној. „Вториот е авангарден розов ансамбл . Ова се изгледит во кој Гага изгледа најудобно – хибридизација на стиловите од  1920-тите, од 1930-тите, на бурлескните танчерки од 1950-тите и вибрациите на кабаре стилот на Лајза Минели.

„Дизајниравме користејќи елементи од ерата на џезот, измешани со кабаре и винтиџ Вегас“, вели Германота. „Сакам да ги затворам очите откако ќе прочешлам референтни слики и ја замислувам сестра ми како пее. Се обидувам да размислувам што значи џезот за неа и како се движи низ сцената. [Соработката] никогаш не се чувствува како работа. Се чувствува навистина невоздржано и слободно, од почеток до крај“.

 „Стајлингот за сцената на Гага е многу различен [отколку за црвениот тепих или едиторијал]“, вели Амадор. „Имаме доста голем простор за пополнување и треба да се погрижиме секој во театарот да има целосен приказ на модата“. „Били Холидеј и Ерта Кит  секогаш изгледаа прекрасно. Сара Вон и Дина Вашингтон исто така беа голема инспирација“, додава Амадор.

Повеќето луѓе ја познаваат и ја сакаат Гага поради нејзиниот химно-поп, но да се види во овој контекст, во покласицистичка смисла, е уште повеќе задоволство. Ве тера да сакате повеќе да слушате џез. Ве тера да ја слушате повеќе Гага. И ве тера да сакате да се вратите во Лас Вегас. (Вог)