Дубровник избран за најдобра дестинација за крстарење


Дубровник во Хрватска ја доби наградата за водечка европска дестинација за крстарење која е доделена во рамки на 28. World Travel Awards.

World Travel Awards е огранизација која секоја година ги наградува најдобрите во индустријата за патувања, турзам и угостителство, а наградите се доделуваат на светско, регионално и национално ниво. Оваа награда ја нарекуваат и Оскар на светската туирситичка индустрија.

Дубровник е прогласен за најдобра дестинација за крстарење во европски рамки, а меѓу номинираните беа и Амстердам, Атина, Лисабон, Венеција, Копенхаген, Осло, Кан, Санкт Петерсбург, Единбург, Форт, Бодрум, Измир и Кушадаси.

Освен тоа Дубровник влезе и во избор за најдобра дестинација за кружни патувања. Номинирани беа вкупно 14 дестинации во светот од сите континенти, а за најдобра е избрана Јамајка.