Дуа Лупа најави ремикс албум “Club Future Nostalgia”, со ѕвезди од Мадона до Гвен Стефани

САД- Поп-ѕвездата Дуа Липа (25) објави за ремикс албумот “Club Future Nostalgia”,  кој претставува нов албум кој содржи ремикси од други изведувачи од албумот “Future Nostalgia”. На албумот се  ремикси направени со Мадона и Миси Елиот- “Levitating“, нова верзија на Physical  од Гвен Стефани и ремикс од Марк Ронсон.

Сите песни од “Future Nostalgia” преработени од омилените музичари и многу, многу други изненадувања, напиша Липа на социјалните мрежи.

Претходна таа објави дека дуетот со Миси Елиоти Мадона ќе биде публициран на 14 август.

Најпопуларната песна во 2020 ” Physical” исто така доби ремикс од Марк Ронсон, отпеан од Гвен Стефани.

Во интервју за Rolling Stone Music Now Podcast, Липа исткна дека и била тешка одлуката да објави албум за време на пандемија.