Дуа Липа твитнала Голема Албанија


Британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, предизвика реакција од Обединетата македонска дијаспора во САД, бидејќи на својот твитер профил објави пост илустриран со мапа на Голема Албанија.
-Дуа Липа – оваа слика инсинуира „голема Албанија“ и територијални аспирации во соседните земји. Македонија почитува и обезбедува еднакви човечки права на своето етничко албанско малцинство. ОМД повикува на отстранување на твитот и појаснување на вашата позиција.Како реномиран глобален музичар, имате обврска кон сите ваши обожаватели од сите етникуми. Балканот е кревок регион во Европа и  ширењето на овој вид на национализам не го поддржува поголемото добро и мир на сите народи, и дополнително ги дели соседните земји, стои во реакцијата.