Дуа Липа како божица на Валентино на Saturday Night Live (видео)


САД– Откако ги израдува фановите со својата виртуелна турнеја Студио 2054, Дуа Липа викендов се појави на сцената како музички гостин на Saturday Night Live .

Поп-ѕвездата со потекло од Косово носеше две гардероби, од кои едната вклучуваше импресивна преголема, бела шапка со пердуви. За да го изведе својот хит сингл „Levitating“, ( омилен и на Барак Обама) Липа носеше драматичен бел фустан со огромен шлеп и шлиц. И шапката и тоалетата  беа од колекцијата FW20 Couture на Валентино и ѝ помогнаа на поп-ѕвездата да остави впечаток на SNL.

За стилот на Липа се погрижи Лоренцо Посоко. Нејзиниот изглед на Валентино беше комплетиран  со накит Фаберже.